Проект „Чекориме напред“ – завршна пресс конференција
На ден 15.10.2020 година, со почеток од 16.00 часот во мотелот Мерак во с. Луковица, општина Македонска Каменица, со одржа почетната прес конференција од нашиот проект „Чекориме Напред“…
На прес конференцијата покрај членовите на здружението, присуствуваа и претставници од ЕЛС Македонска Каменица, останати НВО организации од општината М.Каменица, Делчево и Виница, како и претставници на медиумите…
На истата присуствуваа 25 лица и организацијата на настанот беше според протоколите за организирање на настани за COVID 19 (Со мерење на температура, држење на растојание, и постојана дезинфекција на раце).
Настанот до сега беше преземен од неколку национални и регионални портали, при што ви споделуваме дел од истите:
https://mia.mk/zavrshna-pres-konferenci-a-od-proektot-chekorime-napred/
Инаку проектот „Чекориме напред“ како под грант е дел од проектот „Транспарентност и отчетност на граѓанските организации“ 18 11 ДФГ 203, во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС). Програмата е финансирана од Европската Унија.
Висината на одобрениот грант за проектот „Чекориме напред“ изнесува 242 230 денари од кои што 90% се средства на донаторите, а 10% се средства на здружението „Надеж – Норе“.