+389 71/267-552         zdruzenie.hope@gmail.com

Проект: „Чекориме напред“ – одржана втора работилница

 На ден 26.08.2020 година со почеток од 15.00 часот во мотелот Мерак во с. Луковица, општина Македонска Каменица, со одржа втората работилница од нашиот проект „Чекориме Напред“…

На работилницата покрај членовите на здружението, присуствуваа и претставници од останати НВО организации од општината М.Каменица, кои што се наши соработници и кои што сакаа да научат нешто новоповрзано со финансиската дисциплина и отчетност на својата организација

На истата присуствуваа 15 лица и организацијата на настанот беше според протоколите за организирање на настани за COVID 19 (Со мерење на температура, држење на растојание, и постојана дезинфекција на раце).

Инаку работилницата беше извршена од страна на експертот Борис Шарковски – при што истиот ни презентираше соодветни финансиски и наративни извештаи како и правилник за финансиско работење во организацијата, при тоа користејки ги искуствата од неговата организација ФРЛЗ – Штип, како и останатите домашни и меѓубародни искуства…

Во наредниот период со негова помош ќе се изработат по еден годишен наративен и финансиски извештај на организацијата…

Инаку проектот „Чекориме напред“ како под грант е дел од проектот „Транспарентност и отчетност на граѓанските организации“ 18 11 ДФГ 203, во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС). Програмата е финансирана од Европската Унија.

Висината на одобрениот грант за проектот „Чекориме напред“ изнесува 242 230 денари од кои што 90% се средства на донаторите, а 10% се средства на здружението „Надеж – Норе“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to top