+389 71/267-552         zdruzenie.hope@gmail.com

Природна перспектива

„Европски Волонтерски Сервис“ преку перспективата на Борче Димитровски

Сакајќи да се потсетам на тоа како го започнав моето ЕВС искуство некако се ме враќа едно 3 години наназад кога го почнавме нашиот личен проект „Природна Перспектива“ заедно со мојата вереница Симона Николова. Тогаш уште студенти во Скопје заедно со група од неколку пријатели решивме по смело да се впуштиме во идеите за алтернативен […]

Одржана презентација на делата и целите на Природна Перспектива

На ден 22.01.2020 во Читалиште.то во Софија се одржа презентација на иницијативата Природна Перспектива. На настанот присутните се запознаа со предизвиците со кои се соочивме во минатото, зошто го промовираме волонтерството, кои се нашите следни чекори и како може да не пронајдат и да ни се приклучат во активностите. 

ЕВС мемоари- Како се најдов во Бугарија?

Се започна со еден сон… Поминав неколку години мечтаејќи и прашувајќи се’ како би можела да си го направам животот посмислен, поисполнет со задоволства. За време на студирањето мечтаев да имам некое место во природа, опкружено со дрвја, да има градина, чиста вода и воздух, каде ќе создавам здрави навики наместо да бидам заглавена во […]

„Зелениот Собир“ во Природна Перспектива 2019

И годинава Природна Перспектива, за една седмица, беше домаќин на група од триесетина ЕВС доброволци во проектот „Зелен Собир“ на здружението „Зелен“ од Р. Бугарија, поддржан од програмата Еразмус+. Заедно со доброволците се одржаа разни работилници како: собирање на билки и печурки, правење на сируп од бозел, подготвување на интернационална храна, обновување на стар мебел, […]

Младинска размена во Романија на тема: креативно искористување на отпад за циркуларна економија

Во периодот од 02-11.11.2018 во градот Клуж, Романија се одржа проект младинска размена од програмата Еразмус+ каде земаа активно учество членови на Надеж-Норе. Цел на проектот беше, преку неформалното образование да се запознаат учесниците со концептот за циркуларна економија, реупотреба на материјали и некои мерки кои доколку би се спровеле во секоја држава, значително ќе […]

Иницијатива на швајцарска репортерка “Joy for the planet” се среќава со Европски волонтери во Македонија

Во селото Стар Истевник на гости кај младите од Природна перспектива, репортерката Изабел А. Буржу се сретна со Европските волонтери од Зелениот собир (Green summit). Воодушевена од идејата и атмосверата која што се создаде за време на дводневното гостување на волонтерите, Изабел реши да направи кратко видео за да ја сподели со светот иницијативата на Природна перспектива […]

Младинска размена во Грција на тема: Greenovation(eco- building challenge)

Во периодот од 2 – 15 јуни 2018 членови на Природна Перспектива зедоа активно учество на проектот „Greenovation“ (предизвик за еко-градба) кој што се одржа во Аргос, Република Грција. Овој проект беше симулација на живот во еко-заедница, каде сите членови се соочуваат со предизвиците на донесување одлуки и решавање проблеми во рамките на една заедница. […]

Еразмус+ проект на тема: средба за интернационални партнерства

Во периодот од 22 – 26 јули 2018 членови на Природна Перспектива зедоа активно учество на средба за интернационални партнерства која се одржа во Латиновац, Хрватска. На оваа размена се разговараше за подобрување на квалитетот на стратешките партнерства, за подготвување на кандидатите за волонтерски размени, изготвување на договори, поддршка, координација. Изготвување на модел од подготовка, […]

„Зелениот собир“ во Природна Перспектива

Младите од Природна Перспектива како лани така и годинава, во партнерство со Асоциација Зелен од Р. Бугарија и волонтерите од Еразмус+ реализираа дводневни креативни работилници за конзервирање на локалната слива, градење со природни материјали и многу дружба и забава со локалното население. „Зелен сбор“(зелен собир) е проект на Асоциација Зелен, кој годинава беше оценет со […]

Младинска размена во Словенија на тема: Самоодржливо Живеење

Во периодот од 8 – 16 јули 2018 членови на Природна Перспектива зедоа активно учество на проектот „Самоодржливо Живеење“ кој што се одржа во Згорнја Корена, Марибор, Словенија. На оваа размена нашите членови се запознаа со техники на градење со природни материјали како (земја, песок, слама итн) а исто така учествуваа на работилници за креирање […]

Scroll to top