Проект „Чекориме напред„ – оддржана трета реботилнива

На ден 29.09.2020 година со почеток од 15.00 часот во мотелот Мерак во с. Луковица, општина Македонска Каменица, со одржа третата работилница од нашиот проект „Чекориме Напред“…

На работилницата покрај членовите на здружението, присуствуваа и претставници од останати НВО организации од општината М.Каменица, кои што се наши соработници и кои што сакаа да научат нешто новоповрзано со финансиската дисциплина и отчетност на својата организација

На истата присуствуваа 15 лица и организацијата на настанот беше според протоколите за организирање на настани за COVID 19 (Со мерење на температура, држење на растојание, и постојана дезинфекција на раце).

Инаку работилницата беше извршена од страна на експертот Кирчо Анастасов – при што истиот ни ја презентираше новата веб страна на здружението, ни покажа начини и техники на менаџирање со истата, а потоа ни оддржа и кратка презентација за тоа како да бидеме соодветно присутни и транспарентни на интернет просторот и на социјалните мрежи…

Инаку проектот „Чекориме напред“ како под грант е дел од проектот „Транспарентност и отчетност на граѓанските организации“ 18 11 ДФГ 203, во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС). Програмата е финансирана од Европската Унија.

Висината на одобрениот грант за проектот „Чекориме напред“ изнесува 242 230 денари од кои што 90% се средства на донаторите, а 10% се средства на здружението „Надеж – Норе“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Scroll to top