+389 71/267-552         zdruzenie.hope@gmail.com

Проект: „Чекориме напред“ – одржана прва работилница

На ден 20.08.2020 година со почеток од 12.00 часот во мотелот Мерак во с. Луковица, општина Македонска Каменица, со одржа првата работилница од нашиот проект „Чекориме Напред“…
На работилницата покрај членовите на здружението, присуствуваа и претставници од останати НВО организации (здружението на пензионери) од општината М.Каменица, кои што се наши соработници и кои што сакаа да научат нешто ново и што ќе можат да го искорисатат за подобрување на систематизациската поставеност во нивната организација…

На истата присуствуваа 15 лица и организацијата на настанот беше според протоколите за организирање на настани за COVID 19 (Со мерење на температура, држење на растојание, и постојана дезинфекција на раце).
За истата ќе има соодветна објава на нашата ВЕБ страна.
Инаку работилницата беше извршена од страна на експертот Зоран Биковски – при што истиот ни презентираше соодветен предлог органограм со опис и попис на работни задачи за сите систематизирани работни места во организацијата, при тоа користејки ги искуствата од неговата организација КХАМ, како и останатите домашни и меѓубародни искуства…
Исто така беше разговарано и за можноста за трансформација на нашата организација во младинска организација, со добивање на решение од АМС…
Во наредниот ериод со негова помош ќе се изработат и останатите соодветни акти (правилници, одлуки, записници) со кои што ќе се надгради структурата на организацијата…

Инаку проектот „Чекориме напред“ како под грант е дел од проектот „Транспарентност и отчетност на граѓанските организации“ 18 11 ДФГ 203, во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС). Програмата е финансирана од Европската Унија.

Висината на одобрениот грант за проектот „Чекориме напред“ изнесува 242 230 денари од кои што 90% се средства на донаторите, а 10% се средства на здружението „Надеж – Норе“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to top