член 8
Граѓаните се здружени во Здружението, заради остварување на поширок заеднички интерес. Како посебни цели и задачи на Здружението се:
- Подобрување на социо-економскиот живот на населението во општината Македонска каменица, како и во Р.Македонија;
- Поттикнување на иницијативи за социјална, културна, спортска и општествена еманципација на граѓаните од руралните средини во општината Македонска Каменица, како и во Р.Македонија;
- Поттикнување на иницијативи за социјална, културна, спортска и општествена еманципација на општествено ранливите категории на граѓани, во општината Македонска Каменица, како и во Р.Македонија; и
- Поттикнување на иницијативи за социјална, културна, спортска и општествена еманципација на младите, во општината Македонска Каменица, како и во Р.Македонија.
Наведените посебни цели и задачи здружението ќе ги остварува преку следниве:
АКТИВНОСТИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
- поттикнување и создавање на партнерства и зајакнување на соработка со домашни и странски организации и институции кои имаат исти или слични цели и задачи.
- соработка со Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Советот на општина Македонска Каменица, како и со останатите општински органи и јавни претпријатија,
- соработка со градоначалници на останати општини од република Македонија, совети на тие општини, општински органи и јавни претпријатија,
- соработка со органите на државната управа на Р.Македонија, како на републичко така и на локално ниво, и
- соработка со останати приватни фирми, стопанственици, и физички лица (интелектуалци, волонтери и слично), кои што со својата активност би можеле да допринесат кон остварувањето на целите и задачите на здружението.
СРЕДСТВА И МЕТОДИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА
АКТИВНОСТИТЕ
Своите активности Здружението „Надеж – Норе“ ќе ги оствари преку следниве средства и методи, воедно поддржувајќи ја и инсистирајќи на синергија на иницијативите и на хармонија меѓу членовите:
- континуирано следење, анализа на ЕУ активностите како и на другите меѓународни организации и развојни организации;
- организирање и учество на настани, презентации, семинари, обуки,дебати и трибини;
- советувања и консултации на целните групи и други заинтересирани странки;
- имплементација на проекти во областа на соци-економскиот развој, културата, спортот и образованието.
- издавање на печатени и електронски публикации;
- реализација на видео проекции;
- соработка и имплементација на заеднички проекти со домашни и странски институциии и организации кои имаат исти или слични цели и задачи; и
- други слични форми и начини на дејствување.
При остварувањето на своите активности Здружението „Надеж – Норе“ќе се стреми кон транспарентност во работата, која ќе ја обезбеди преку:
- оддржување на официјалната веб страна на здружението;
- контакти со медиумите;
- издавање на брошури и други форми на информирање на јавноста, целните групи и засегнатите страни.
Преку сите овие активности, Здружението „Надеж – Норе“ќе се стреми да ја сподели заедничка визија, мисија и да создаде заеднички цели помеѓу сите членови, како и со целните групи и засегнатите страни. Во своето дејствување Здружението „Надеж – Норе“ иако првенствено ќе делува на територијата на општина Македонска Каменица, истото сепак нема да се ограничи само на делување на територија на општината Македноска Каменица, туку ќе се стреми и кон делување и на териториите на другите општини во државата, како и активно да соработува и со другите сродни здруженија од Република Македонија. При ова, Здружението „Надеж – Норе“ особено ќе тежнее да воспостави цврсти односи на доверба и соработка, како и взаемна размена на искуства и пракса со своите соработници (поединци, здруженија, организации, институтуции).