член 14
Здружението остварува приходи од:
– членарина;
– донации;
– спонзорства;
– и од други услуги.
Здружението може да остварува приходи и од добивката на трговски друштва што ги основа со средства на Здружението и од други извори.
член 15
Користењето и располагањето со средствата на Здружението добиени по основите од претходниот член се врши на начин утврден со овој Статут и останатите законски норми.
член 16
За користењето и располагањето со средствата одлучуваат органите на Здружението, согласно надлежностите утврдени со овој Статут, кои преземаат мерки за економско целесообразно користење на средствата и за спречување и отстранување на незаконитостите.
член 17
Здружение донесува годишен финансиски план за приходите и расходите на Здружението.
Финансискиот план ги содржи приходите кои се стекнуваат по член 14 од Статутот, како и расходите за општествената активност, плати на вработените, заедничка потрошувачка на вработените, материјални трошоци за работа на Здружението, и други расходи сврзани со работата.