Член 1
Здружението „Надеж – Норе“ од Македонска Каменица е независна невладина, доброволна, и непрофитна организација на граѓани во Република Македонија.
Член 2
Граѓаните се здружуваат во здружението „Надеж – Норе“ од Македонска Каменица заради остварување на поширок општествен интерес, преку соработка и заедничко работење со соодветни, национални, регионални и меѓународни здруженија и организации со идентични цели и предмет на интерес.
член 3
Здружението „Надеж – Норе“ од Македонска Каменица, како здружение своите цели, задачи и дејности ќе ги остварува во согласност со односите уредени со Уставот на Република Македонија, со овој Статут, како и со други законски норми кои регулираат материја од оваа област.
член 4
Здружението нема да врши никакви политички активности или да го управува својот имот и средства во исполнување на било какви цели и задачи на било која од Политичките партии.
„Политички активности“, од Параграф 1 од овој член, значи: директно учество во изборна кампања, или собирање на средства за изборна кампања и финансирање на било која политичка партија.
„Политички активности“, не исклучува контакти, активности или соработка со политички и општествени субјекти, насочени за остварување на целите и задачите дефинирани во основачките документи на Здружението.