На ден 26.11.2019 година во Македонска Каменица, се одржа завршната прес конференција во рамките на проектот „И старите знаат и старите можат“.
На истата присуствуваа 25 лица, претставници од здруженијата на пензионери од Македонска Каменица и Виница, како и претставници на локалните самоуправи од ЕЛС М.Каменица и ЕЛС Виница.
На прес конференцијата присуствуваа повеќе новинари од локални, регионални и нацонални медиуми. На завршната прес конференција од проектниот тим, на јавниста и беа презентирани сите ативности поврзани со проектот како и постигнатите резултати од неговата реализација.
Инаку, Проектот „И старите знаат, и старите можат“ ќе се спроведува како грант во рамки на проектот “Медиуми за граѓаните – граѓаните за медиумите” чија што цел е Градење капацитети на граѓанските организации за зајакнување на медиумската писменост во земјите од Западен Балкан, кој што прект е финансиран од Европската унија, а во земјите од Западен Балкан, се спроведува од страна на: Македонскиот институт за медиуми, Фондацијата за развој на медиуми и граѓанско општество Медиацентар Сараево, Албанскиот институт за медиуми, Црногорскиот институт за медиуми, Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа (СЕЕНПМ) и Новосадската школа за новинарство.
Финансиските средства обезбедени за реализација на овој грант беа во висина од 3980 евра