На ден 04.09.2019 година со почеток од 17.00 часот, во Македонска Каменица, во рамките на проектот „И старите знаат и старите можат“ се одржа првата работилница со стари лица – членови на здружението на пензионери од Македонска Каменица.
На истата од страна на експертот – Зоран Биковски, на присутните лица – пензионери од здружението на пензионери од Македонска Каменица им беа презентирани техники за препознавање на лажни вести и форми на медиумска манипулација.