На ден 24.10.2019 година со почеток од 17.00 часот, во Македонска Каменица, во рамките на проектот „И старите знаат и старите можат“ се одржа втората работилница со стари лица – членови на здружението на пензионери од Македонска Каменица.
На истата од страна на експертот – Валери Спасевски, на присутните лица – пензионери од здружението на пензионери од Македонска Каменица им беа презентирани техники за креирање на новинарски текстови и статии.