На ден 15.11.2019 година со почеток од 17.00 часот, во Виница, во рамките на проектот „И старите знаат и старите можат“ се одржа третата работилница со стари лица – членови на здружението на пензионери од Виница.
На истата од страна на експертот – Горан Ристевски, на присутните лица – пензионери од здружението на пензионери од Виница им беа презентирани техники за администрирање со креираната веб страна за нивното здружение.