Работилница на тема: Силни месни заедници за силна локална демократија“.

На ден 01.03.2019 година во Македонска Каменица, се одржа третата работилница за јакнење на капацитетите на месните заедници од селата Саса, Моштица и Луковица. На истата присуствуваа 25 лица, претставници од месните заедници од овие села. Исто така на оваа работилница присуствуваа и претставници од ЕЛС М.Каменица.

Оваа работилница како таква е одржа во рамките на проектот „Силни месни заедници, за силна локална демократија“, кој што како таков здружението „Надеж – Норе“ го спроведува во содејтво со здружението „ИНИ“ од Виница.

Проектот „Силни месни заедници, за силна локална демократија“, е финансиски подржан од ЕУ, во рамките на проектот: „Силни граѓански организации за силна локална демократија“, кој што како таков во Република Македонија го имплементираат:  Фондација за развој на локалната заедница – Штип, Институт за развој на заедницата – Тетово и Центар за одржлив развој Алка – Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to top