На ден 21.01.2019 година во Виница, во рамките на проектот „Силни месни заедници, за силна локална демократија“, се одржа втората работилница, кој што како таква здружението „Надеж – Норе“ ја спроведува во содејтво со здружението „ИНИ“ од Виница.
На работилницата присуствуваа 25 граѓани – претставници од месните заедници од с. Блатец, с. Јакимово, с. Истибања и с. Липец.
Проектот „Силни месни заедници, за силна локална демократија“, е финансиски подржан од ЕУ, во рамките на проектот: „Силни граѓански организации за силна локална демократија“, кој што како таков во Република Македонија го имплементираат: Фондација за развој на локалната заедница – Штип, Институт за развој на заедницата – Тетово и Центар за одржлив развој Алка – Скопје.