На ден 15.03.2019 година во Македонска Каменица, во ресторантот „Шизик“ се одржа завршната прес конференција во рамките на проектот „Силни месни заедници за силна локална демократија“.
На истата присуствуваа 25 лица, претставници од месните заедници селата кои што беа опхатени во проектот, како и претставници на локалните самоуправи од ЕЛС М.Каменица и ЕЛС Виница.
На прес конференцијата присуствуваа повеќе новинари од локални, регионални и нацонални медиуми. На завршната прес конференција од проектниот тим, на јавниста и беа презентирани сите ативности поврзани со проектот, како и постигнатите резултати и ефектио од истиот.
Исто така на завршната прес конференција извршено е и промоција на „Прирачник“ за функционирање на месните заедници, во кој што прирачник се содржани презентираните теоретски материјали поврзани со начинот на работа и организација на месните заедници, а кои што како такви беа презентирани за време на работилниците во рамките на проектот.