Претставник од Здружението „Надеж-НОРЕ“ учествуваше на тренинг семинар во Варшава, Полска, во периодот од 9-13 Април. Специфични цели и задачи на проектот беа:
– Запознавање со работата на младинските совети во различни држави
– Запознавање со различни методи на младинско учество во процесот на донесувањето на одлуки, во рамки на младинските совети на различни нивоа
– Вмрежување помеѓу претставниците на младинските совети, и можна идна соработка на полето на млади.

Важен дел од семинарот беше фактот што тој собра различни организации кои работат на младински политики, но со многу различни пристапи и ова даде многу можности учесниците да учат еден од друг и да планираат за идна соработка. Како конкретен резултат беше создадената мрежа која е неформална, но многу амбициозна за продолжување на соработката преку меѓународен проект за понатамошно презентирање на различните добри практики во нашите локални заедници.
Презентацијата на Здружението „Надеж-НОРЕ“ и вмрежувањето помеѓу различните организации отвара простор идна соработка и идно вмрежување на меѓународно ниво. Понатаму, тоа беше одличен момент за видливост и застапеност на нашата организација. Добивањето на нови практики и примери од областа на младинската работа и учество и обидувајќи се да ги имплементира на локално ниво, е една од главните цели на здружението и овој семинар многу придонесе за постигнување на оваа цел преку обезбедување простор за мрежно поврзување и исто така обезбедува простор за работа на заеднички меѓународни проекти.
