Работилница: Јакнење на капацитети на месни заедници

На ден 18.01.2019 година со почеток во 17.оо часот во просториите на ЕЛС Македонска Каменица, се одржа првата работилница со претставниците од месните заедници од селата Саса, Моштица и Луковица. Оваа работилница како таква е одржа во рамките на проектот „Силни месни заедници, за силна локална демократија“, кој што како таков здружението „Надеж – Норе“ го спроведува во содејтво со здружението „ИНИ“ од Виница. 

На работилницата присуствуваа 25 граѓани – претставници од месните заедници од с. Саса, с. Моштица и с. Луковица.

На работилницата присуствуваше и градоначалничката на општина Македонска Каменица, г-ѓа Соња Стаменкова.

Проектот „Силни месни заедници, за силна локална демократија“, е финансиски подржан од ЕУ, во рамките на проектот: „Силни граѓански организации за силна локална демократија“, кој што како таков во Република Македонија го имплементираат:  Фондација за развој на локалната заедница – Штип, Институт за развој на заедницата – Тетово и Центар за одржлив развој Алка – Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to top