+389 71/267-552         zdruzenie.hope@gmail.com

„Зелениот собир“ во Природна Перспектива

Младите од Природна Перспектива како лани така и годинава, во партнерство со Асоциација Зелен од Р. Бугарија и волонтерите од Еразмус+ реализираа дводневни креативни работилници за конзервирање на локалната слива, градење со природни материјали и многу дружба и забава со локалното население.

„Зелен сбор“(зелен собир) е проект на Асоциација Зелен, кој годинава беше оценет со висока оцена и награден со орден за квалитетен проект од страна на бугарската Национална агенција која ги води проектите од Еразмус+ програмата. Целта на овој проект е вмрежување на сите млади кои решиле да се вратат во руралните средини на Бугарија и се одлучиле на посамоодржлив начин на живот во хармонија со природата. Ова се одвива на начин каде што ЕВС волонтери ги посетуваат сите вакви иницијативи кои однапред се пријавиле за Зелениот собир и им пружаат помош во нивното секојдневие, а за возврат пак се стекнуваат со нови и поразлични знаења и умешности. Ова е одличен начин за една културна размена и убава можност за да се почувствува сржта на традицијата на практичен начин, помеѓу народот. Овој проект се одржува две години по ред и Природна Перспектива зема активно учество како единствен домаќин од Македонија. 

На следниов линк можете проследите неколку фотографии од нашите активности:

Активности во Природна Перспектива

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to top