Цивика мобилитас – Четврта средба за вмрежување

Во периодот од 30.11. до 01.12.2018 година двајца претставници од здружението „Надеж – Норе“, присуствуваа на четвртата средба за вмрежување, организирана од страна на МЦМС, во рамките на програмата „Civica mobilitas“. Средбата за вмрежување се одржа во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје.

На истата присуствуваа над 132 учесници од над 80 невладини организации од Република Македонија.

Пригодно обраќање на средбата имаше и Швајцарската амбасадорка во Република Македонија, нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада.

На средбата за вмрежување, претставниците од здружението остварија многубројни контакти со претставници на останати здруженија од Република Македонија, при што се разменети контакти и се дадени предлог иницијативи за понатамошна соработка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to top