член 19

Органи на здружението „Надеж - Норе“ од Македонска Каменица:

  1. Собрание;
  2. Управен одбор;
  3. Надзорен одбор;
  4. Претседател

Собрание

член 20

Собранието на Здружението го сочинуваат сите граѓани-членови  на Здружението.

Мандатот на претставниците трае 4 години.

Собранието се состанува по потреба, а најмалку еднаш годишно.

член 21

Седници на Собрание свикува претседателот на Собранието.

Седница на Собранието се свикува и по предлог на Управниот одбор на Здружението или на ½ од вкупниот број членови на Собранието.

Ако претседателот на Собранието во рок од 14 дена од денот на дадениот предлог не свика седница, седницата ја свикува Управниот одбор или иницијаторите.

Седница на Собранието за работа на Управниот одбор може да се свика и по предлог на претседателот или  надзорниот одбор.

Начинот на свикување на седниците на Собранието на Здружението се определува со Деловникот за работа на Собранието.

член 22

Собранието на Здружението, на редовни и вонредни собранија избира Извршен одбор од редовите на своите претставници, кој е извршен орган на Собранието.

член 23

Собранието полноважно одлучува ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број претставници.

Собранието по правило одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните претставници.

Во надлежност на Собранието е следното:

  • го донесува Статутот на Здружението и другите акти на Здружението и врши измени и доплонувања на истите;
  • избира и разрешува претседател на здружението кој  е и претседател на Управниот одбор и на Собранието на здружението.
  • избира и разрешува членови на Управниот одбор и на Надзорниот одбор
  • усвојува програмска ориентација за работа на Здружението, планови за работа и за развој на Здружението;
  • го разгледува и усвојува извештајот за работа на Управниот одбор
  • ја следи материјално-финансиската состојба на Здружението помеѓу две собранија;
  • донесува финансиски план и усвојува завршна сметка на Здружението;
  • донесува одлуки по жалбите за исклучување од членството на здружението;
  • расправа за постигнатите резултати од развојот на Здружението и дава насоки за натамошен развој на Здружението;
  • донесува одлуки, заклучоци, препораки за решавање на прашања од интерес на Здружението;
  • решава за формирање на ограноци на Здружението;
  • врши и други работи кои произлегуваат од Статутот и законите.

Управен одбор

член 24

Управниот одбор на Здружението е управен орган на Собранието во кој секој член има еднакви права, обврски и одговорности за работењето и развојот на Здружението во согласност со Статутот.

член 25

Управниот одбор на Здружението  брои 3 члена.

Мандатот на членовите на Управниот одбор е неограничен.

Претседателот на здружението е и претседател на Управниот одбор со неограничен  мандат.

Претседателот на Управниот одбор истовремено е и Претседател на Собранието и Претседател на Здружението.

член 26

Во надлежност на Управниот одбор е следното:

  • ги спроведува статутарните и програмските задачи на Здружението, како и одлуките и заклучоците на Собранието;
  • донесува и реализира годишна програма за работа;
  • предлага измени и дополнување на Статутот;
  • донесува соодветни правилници, прифаќа спогодби и склучува договори;
  • свикува седници на Собранието и припрема материјали;
  • именува и разрешува Генерален секретар на Здружението;
  • донесува одлуки за формирање на постојни и повремени комисии, и ја насочува нивната работа;
  • организира и активно учествува во организирањето на разни акции и манифестации;
  • донесува одлуки за награди, пофалници и признанија;
  • донесува одлуки за набавка и оттуѓување на основните средства;
  • дава согласност на Правилникот за организацијата на работите и работните задачи на стручната служба на Здружението;
  • донесува одлуки по приговори и жалби;
  • врши и други работи кои произлегуваат од потребите на Статутот на Здружението и од Законот.

член 27

Управниот одбор за својата работа е одговорен пред Собранието на Здружението.

Управниот одбор се состанува и одржува седници по потреба.

Седницата на Управниот одбор ја свикува Претседателот на Управниот одбор.

Предлог за свикување на Управниот одбор може да поднесе една половина од Управниот одбор, една третина од претставниците во Собранието, на предлог на Надзорниот одбор на Здружението.

Со седницата раководи и претседава Претседателот, а во негово отсуство член кој ќе го избере Управниот одбор.                

Управниот одбор може да донесува плоноважни одлуки и решенија ако на состанокот се присутни повеќе од 50% негови членови и ако за понудениот предлог гласа просто мнозинство од присутните членови.

Начинот на свикување на седницата и други прашања од работењето на Управниот одбор се уредуваат со Деловникот за работа

 Надзорен одбор

член 28

Надзорниот одбор се состои од председател и од два члена. Нив ги бира Собранието на Здружението.

Мандатот на Надзорниот одбор е неограничен.          

Надзорниот одбор за својата работа е одговорен  пред  Собранието на Здружението

Седницата на Надзорниот одбор ја свикува Претседателот.

Надзорниот одбор се состанува и одржува седници по потреба.

Надлежностите на Надзорниот одбор ги определува Собранието на Здружението, а особено:

  • врши надзор на материјално-финансиската состојба на Здружението;
  • надзор на економско целесообразно користење на средствата;
  • презема активности и мерки за спречување и отстранување на евентуалните незаконитости во користење на финасиските средства во врска со спроведувањето на програмските активности на здружението;
  • поднесува извештај за доверените задачи и за својата работа пред Собранието,
  • врши други активности кои ќе му ги довери Собранието.

Претседателот:

Член 29

  • го застапува и го преставува Здружението пред трети лица и во средства за јавно информирање;
  • раководи со работата и активностите на Здружението;
  • се грижи за активноста на работењето , за развојот, напредокот и угледот на Здружението;
  • ги свикува седниците на Изрвшниот одбор и раководи со нивната работа;
  • се грижи за спроведување на одлуките, решенијата и заклучоците на Управниот одбор;
  • ги потпишува сите правни, финансиски и други документи;
  • ги потпишува членските книшки на Здружението;
  • одговорен е за состојбата на Здружението;
  • за својата работа и однесување одговара пред Управниот одбор и пред Собранието;
  • одредува конкретни задачи на членовите на Управниот одбор, а кои се во интерес на Здружението;
  • се грижи за спроведување на одлуките, решенијата и плановите на Собранието;
  • одговорен е за финансиското-материјалното работење на Здружението и поднесува извештај пред Управниот одбор и Собранието.

Во случај на спреченост или отсуство на председателот, него го заменува Управниот секретар на здружението или друго лице писмено овластено од Претседателот.

СТРУЧНА СЛУЖБА НА ЗДРУЖЕНИЕТО

член 30

За извршување на административно-стручни, помошни и на нив слични работи од заеднички интерес за остварување на задачите и целите на Здружението, се формира Стручна служба.

член 31

Правата и обврските и одговорностите за работа на вработените во Стручната служба ги утврдува секретарот на Здружението во согласност со законските норми и Статутот.

член 32

Средствата за работа на стручната служба се определуваат со Финансиски план секоја година и тоа: средства за плати, средства за заедничка потрошувачка, средства за материјални трошоци, средства за посебна намена за нормално извршување на функцијата.                             

член 33

Со Стручната служба на Здружението раководи секретар.    

Секретарот го именува и разрешува Управниот одбор согласно условите кои се утврдени со посебна одлука.

Секретарот на стручната служба во исто време е и секретар на Здружението.

Секретарот правото од работен однос го остварува во Здружението, во Стручната служба, а за извршувањето на својата работа одговорен е пред Управниот одбор.

член 34

Права, обврски и надлежности на секретарот:

  • секретарот на стручната служба раководи со работата на стручната служба;
  • секретарот е работоводен орган и ги извршува сите права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи;
  • секретарот е наредбодател и одговорен за сметката на Здружението;
  • секретарот е одговорен за извршувањето на Финансискиот план и Програмата на
  • се грижи за благовремено извршување на одлуките и заклучоците донесени од Собранието и Управниот одбор;
  • во правниот промет презема мерки и дејствија во име и за сметка на Здружението;
  • се грижи за правилната примена на Законските прописи од областа на дејностите што ги врши Здружението;

ДОНАТОРИ







 

НИЕ НА ФЕЈСБУК

JSN Air 2 is designed by JoomlaShine.com | powered by JSN Sun Framework