За нас

Член 1

Здружението „Надеж - Норе“ од Македонска Каменица е независна  невладина, доброволна, и непрофитна организација на граѓани во Република Македонија.

Член 2

Граѓаните се здружуваат во здружението „Надеж - Норе“ од Македонска Каменица заради остварување на поширок општествен интерес, преку соработка и заедничко работење со соодветни, национални, регионални и меѓународни здруженија и организации со идентични цели и предмет на интерес.

член 3

Здружението „Надеж - Норе“ од Македонска Каменица, како здружение своите цели, задачи и дејности ќе ги остварува во согласност со односите уредени со Уставот на Република Македонија, со овој Статут, како и со други законски норми кои регулираат материја од оваа област.

член 4

Здружението нема да врши никакви политички активности или да го управува својот имот и средства во исполнување на било какви цели и задачи на било која од Политичките партии.

 „Политички активности“, од Параграф 1 од овој член, значи: директно учество во изборна кампања, или собирање на средства за изборна кампања и финансирање на било која политичка партија.

„Политички активности“, не исклучува контакти, активности или соработка со политички и општествени субјекти, насочени за остварување на целите и задачите дефинирани во основачките документи на Здружението.

член 5

Името на здружението е: Здружение „Надеж - Норе“.

Скратеното име на здружението е: ЗГ „Надеж - Норе“.

член 6

Седиштето на Здружението е на ул. Индустриска 27, во Македонска Каменица, Р. Македонија.

Здружението се организира и делува на подрачјето на целата територија на Р.М.

член 7

Здружението „Надеж - Норе“ од Македонска Каменица е правно лице.

Здружението има свој печат и штембил.

Печатот е тркалезен и го содржи името на здружението испишанo на македонски јазик Здружение „Надеж - Норе“ од Македонска Каменица а во средината се наоѓа амблемот на Здружението .

Штембилот на Институтот e правоаголен со следниот текст:  Здружение „Надеж - Норе“ од Македонска Каменица, број на деловоден протокол, дата и место (Македонска Каменица).

член 8

Граѓаните се здружени во Здружението, заради остварување на поширок заеднички интерес. Како посебни цели и задачи на Здружението се:

  • Подобрување на социо-економскиот живот на населението во општината Македонска каменица, како и во Р.Македонија;
  • Поттикнување на иницијативи за социјална, културна, спортска и општествена еманципација на граѓаните од руралните средини во општината Македонска Каменица, како и во Р.Македонија;
  • Поттикнување на иницијативи за социјална, културна, спортска и општествена еманципација на општествено ранливите категории на граѓани, во општината Македонска Каменица, како и во Р.Македонија; и
  • Поттикнување на иницијативи за социјална, културна, спортска и општествена еманципација на младите, во општината Македонска Каменица, како и во Р.Македонија.

 Наведените посебни цели и задачи здружението ќе ги остварува преку следниве:

АКТИВНОСТИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

  • поттикнување и создавање на партнерства и зајакнување на соработка со домашни и странски организации и институции кои имаат исти или слични цели и задачи.
  • соработка со Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Советот на општина Македонска Каменица, како и со останатите општински органи и јавни претпријатија,
  • соработка со градоначалници на останати општини од република Македонија, совети на тие општини, општински органи и јавни претпријатија,
  • соработка со органите на државната управа на Р.Македонија, како на републичко така и на локално ниво, и
  • соработка со останати приватни фирми, стопанственици, и физички лица (интелектуалци, волонтери и слично), кои што со својата активност би можеле да допринесат кон остварувањето на целите и задачите на здружението.

 СРЕДСТВА И МЕТОДИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА

АКТИВНОСТИТЕ

Своите активности Здружението „Надеж - Норе“ ќе ги оствари преку следниве средства и методи, воедно поддржувајќи ја и инсистирајќи на синергија на иницијативите и на хармонија меѓу членовите:

  • континуирано следење, анализа на ЕУ активностите како и на другите меѓународни организации и развојни организации;
  • организирање и учество на настани, презентации, семинари, обуки,дебати и трибини;
  • советувања и консултации на целните групи и други заинтересирани странки;
  • имплементација на проекти во областа на соци-економскиот развој, културата, спортот и образованието.
  • издавање на печатени и електронски публикации;
  • реализација на видео проекции;
  • соработка и имплементација на заеднички проекти со домашни и странски институциии и организации кои имаат исти или слични цели и задачи; и
  • други слични форми и начини на дејствување.

 При остварувањето на своите активности Здружението „Надеж - Норе“  ќе се стреми кон транспарентност во работата, која ќе ја обезбеди преку:

  • оддржување на официјалната веб страна на здружението;
  • контакти со медиумите;
  • издавање на брошури и други форми на информирање на јавноста, целните групи и засегнатите страни.

Преку сите овие активности, Здружението „Надеж - Норе“  ќе се стреми да ја сподели заедничка визија, мисија и да создаде заеднички цели помеѓу сите членови, како и со целните групи и засегнатите страни. Во своето дејствување Здружението „Надеж - Норе“ иако првенствено ќе делува на територијата на општина Македонска Каменица, истото сепак нема да се ограничи само на делување на територија на општината Македноска Каменица, туку ќе се стреми и кон делување и на териториите на другите општини во државата, како и активно да соработува и со другите сродни здруженија од Република Македонија. При ова, Здружението „Надеж - Норе“  особено ќе тежнее да воспостави цврсти односи на доверба и соработка, како и взаемна размена на искуства и пракса со своите соработници (поединци, здруженија, организации, институтуции).

член 9

Член во Здружението, може да биде секој полнолетен граѓанин - државјанин на Република Македонија, како граѓанин - државјанин на странски држави, кој доброволно ќе пристапи кон Здружението со давање на писмена изјава (при тоа основачите мора да се полнолетни, но членството не мора).

Зачленувањето во Здружението се врши со пристапница, односно со издавање на членска книшка, која при исклучување или престанок на членувањето во Здружението, задолжително се враќа.

Здружението за своите членови води регистер на членството, кој се ажурира еднаш годишно.

член 10

Членот на Здружението има право:

  1. да биде избиран во органите на Здружението;
  2. да учествува во работата на Здружението;
  3. да придонесува во развојот и популарноста на Здружението.

Секој член може доброволно да истапи од здружението.

член 11

Исклучувањето од членство во здружението се остварува доколку:

  1. Членот не ги почитува одредбите од овој Статут, како и одредбите од општите акти на Здружението;
  2. Не ги исполнува своите должности и обврски подолго време, а најмногу во времетраење од три месеци;
  3. Не плаќа редовно членарина, а посебно ако не платил три месеци непрекинато.
  4. По било каков начин му наштети на угледот на Здружението;
  5. Застапува и агитира интереси на политички партии во Здружението;
  6. Средствата и помошта од Здружението ги користи за свои лични цели.

                Престанок на членството во здружението настанува доколку:

  1. Членот по своја слободна волја, во писмена форма достави писмена изјава до Управниот одбор, дека го напушта членството во Здружението и
  2. Со настапување на смрт.

член 12

Обврски на членовите во Здружението се:

  1. Да го почитуваат Статутот и другите општи акти на Здружението;
  2. Да работат на реализација на целите утврдени во Програмата на активностите на Здружението;
  3. Да ги исполнува и до крај да ги извршуваат добиените задачи, задолженија и обврски или самоиницијативно започнати работи, кои се во интерес на Здружението;
  4. Да го чуваат и зголемуваат својот личен углед, но и угледот на Здружението;
  5. Да не застапува или агитира интереси на политичките партии;
  6. Редовно да ја плаќаат чланарината;
  7. Да присуствуваат на состаноците.

 За престанок на членството и исклучување од Здружението, решение во писмена форма донесува Управниот одбор. Ако  е можно и потребно , председателот на Здружението има право пред донесување на конечното решение  за исклучување да го запознае членот  за грешките и последиците.

Решението е извршно со денот на неговото донесување. Членот може да  поднесе жалба во рок од 15 (петнаесет)  дена по приемот на решението, за кое решава Собранието на Здружението, на своја наредна седница. Решението на Собранието е конечно.

Сите членови плаќаат чланарина. Управниот одбор ја утврдува за секоја година висината на годишната чланарина со посебна одлука

член 13

Работата на Здружението е јавна.

Јавноста во работењето се обезбедува со редовно известување на членовите за работењето и активностите на здружението, со увид во спроведувањето на програмските задачи, со поднесување извештај за работа на органите и телата на Здружението, за материјално-финансиското работење и друго.

За информирањето на членовите и пошироката јавност се користи печатот, радиото, телевизијата како и други начини на информирање.

член 14

Здружението остварува приходи од:

-  членарина;

-  донации;

-  спонзорства;

 -  и од други услуги.

Здружението може да остварува приходи и од добивката на трговски друштва што ги  основа со средства на Здружението и од други извори.

член 15

Користењето и располагањето со средствата на Здружението добиени по основите од претходниот член се врши на начин утврден со овој Статут и останатите законски норми.

член 16

За користењето и располагањето со средствата одлучуваат органите на Здружението, согласно надлежностите утврдени со овој Статут, кои преземаат мерки за економско целесообразно користење на средствата и за спречување и отстранување на незаконитостите.

член 17

Здружение донесува годишен финансиски план за приходите  и расходите  на Здружението.

Финансискиот план ги содржи приходите кои се стекнуваат по член 14 од Статутот, како и расходите за општествената активност,  плати на вработените, заедничка потрошувачка на вработените, материјални трошоци за работа на Здружението, и други расходи сврзани со работата.

член 18

Со Здружението управува организирано членство на Здружението непосредно или преку свои претставници во органите. Доколку бројот на членовите на Здружението е мал, самите членови на Здружението се и членови на Собранието и во органите на истото. 

Права и должности на претставникот се:

  • претставникот да избира и да биде биран во органите на Здружението;
  • претставникот да предлага решавање на прашања од заеднички интерес;
  • да работи на развивање и унапредување на општествените и другите активности кои произлегуваат од Статутот, програмските цели и задачи и од усвоените одлуки и заклучоци;
  • да ги спроведува во целост одредбите од Статутот и програмските активности;
  • да ги застапува интересите и ставовите на Здружението;да бара стручна и друга помош од областа која е предмет на итерес на Здружението.

член 19

Органи на здружението „Надеж - Норе“ од Македонска Каменица:

  1. Собрание;
  2. Управен одбор;
  3. Надзорен одбор;
  4. Претседател

Собрание

член 20

Собранието на Здружението го сочинуваат сите граѓани-членови  на Здружението.

Мандатот на претставниците трае 4 години.

Собранието се состанува по потреба, а најмалку еднаш годишно.

член 21

Седници на Собрание свикува претседателот на Собранието.

Седница на Собранието се свикува и по предлог на Управниот одбор на Здружението или на ½ од вкупниот број членови на Собранието.

Ако претседателот на Собранието во рок од 14 дена од денот на дадениот предлог не свика седница, седницата ја свикува Управниот одбор или иницијаторите.

Седница на Собранието за работа на Управниот одбор може да се свика и по предлог на претседателот или  надзорниот одбор.

Начинот на свикување на седниците на Собранието на Здружението се определува со Деловникот за работа на Собранието.

член 22

Собранието на Здружението, на редовни и вонредни собранија избира Извршен одбор од редовите на своите претставници, кој е извршен орган на Собранието.

член 23

Собранието полноважно одлучува ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број претставници.

Собранието по правило одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните претставници.

Во надлежност на Собранието е следното:

  • го донесува Статутот на Здружението и другите акти на Здружението и врши измени и доплонувања на истите;
  • избира и разрешува претседател на здружението кој  е и претседател на Управниот одбор и на Собранието на здружението.
  • избира и разрешува членови на Управниот одбор и на Надзорниот одбор
  • усвојува програмска ориентација за работа на Здружението, планови за работа и за развој на Здружението;
  • го разгледува и усвојува извештајот за работа на Управниот одбор
  • ја следи материјално-финансиската состојба на Здружението помеѓу две собранија;
  • донесува финансиски план и усвојува завршна сметка на Здружението;
  • донесува одлуки по жалбите за исклучување од членството на здружението;
  • расправа за постигнатите резултати од развојот на Здружението и дава насоки за натамошен развој на Здружението;
  • донесува одлуки, заклучоци, препораки за решавање на прашања од интерес на Здружението;
  • решава за формирање на ограноци на Здружението;
  • врши и други работи кои произлегуваат од Статутот и законите.

Управен одбор

член 24

Управниот одбор на Здружението е управен орган на Собранието во кој секој член има еднакви права, обврски и одговорности за работењето и развојот на Здружението во согласност со Статутот.

член 25

Управниот одбор на Здружението  брои 3 члена.

Мандатот на членовите на Управниот одбор е неограничен.

Претседателот на здружението е и претседател на Управниот одбор со неограничен  мандат.

Претседателот на Управниот одбор истовремено е и Претседател на Собранието и Претседател на Здружението.

член 26

Во надлежност на Управниот одбор е следното:

  • ги спроведува статутарните и програмските задачи на Здружението, како и одлуките и заклучоците на Собранието;
  • донесува и реализира годишна програма за работа;
  • предлага измени и дополнување на Статутот;
  • донесува соодветни правилници, прифаќа спогодби и склучува договори;
  • свикува седници на Собранието и припрема материјали;
  • именува и разрешува Генерален секретар на Здружението;
  • донесува одлуки за формирање на постојни и повремени комисии, и ја насочува нивната работа;
  • организира и активно учествува во организирањето на разни акции и манифестации;
  • донесува одлуки за награди, пофалници и признанија;
  • донесува одлуки за набавка и оттуѓување на основните средства;
  • дава согласност на Правилникот за организацијата на работите и работните задачи на стручната служба на Здружението;
  • донесува одлуки по приговори и жалби;
  • врши и други работи кои произлегуваат од потребите на Статутот на Здружението и од Законот.

член 27

Управниот одбор за својата работа е одговорен пред Собранието на Здружението.

Управниот одбор се состанува и одржува седници по потреба.

Седницата на Управниот одбор ја свикува Претседателот на Управниот одбор.

Предлог за свикување на Управниот одбор може да поднесе една половина од Управниот одбор, една третина од претставниците во Собранието, на предлог на Надзорниот одбор на Здружението.

Со седницата раководи и претседава Претседателот, а во негово отсуство член кој ќе го избере Управниот одбор.                

Управниот одбор може да донесува плоноважни одлуки и решенија ако на состанокот се присутни повеќе од 50% негови членови и ако за понудениот предлог гласа просто мнозинство од присутните членови.

Начинот на свикување на седницата и други прашања од работењето на Управниот одбор се уредуваат со Деловникот за работа

 Надзорен одбор

член 28

Надзорниот одбор се состои од председател и од два члена. Нив ги бира Собранието на Здружението.

Мандатот на Надзорниот одбор е неограничен.          

Надзорниот одбор за својата работа е одговорен  пред  Собранието на Здружението

Седницата на Надзорниот одбор ја свикува Претседателот.

Надзорниот одбор се состанува и одржува седници по потреба.

Надлежностите на Надзорниот одбор ги определува Собранието на Здружението, а особено:

  • врши надзор на материјално-финансиската состојба на Здружението;
  • надзор на економско целесообразно користење на средствата;
  • презема активности и мерки за спречување и отстранување на евентуалните незаконитости во користење на финасиските средства во врска со спроведувањето на програмските активности на здружението;
  • поднесува извештај за доверените задачи и за својата работа пред Собранието,
  • врши други активности кои ќе му ги довери Собранието.

Претседателот:

Член 29

  • го застапува и го преставува Здружението пред трети лица и во средства за јавно информирање;
  • раководи со работата и активностите на Здружението;
  • се грижи за активноста на работењето , за развојот, напредокот и угледот на Здружението;
  • ги свикува седниците на Изрвшниот одбор и раководи со нивната работа;
  • се грижи за спроведување на одлуките, решенијата и заклучоците на Управниот одбор;
  • ги потпишува сите правни, финансиски и други документи;
  • ги потпишува членските книшки на Здружението;
  • одговорен е за состојбата на Здружението;
  • за својата работа и однесување одговара пред Управниот одбор и пред Собранието;
  • одредува конкретни задачи на членовите на Управниот одбор, а кои се во интерес на Здружението;
  • се грижи за спроведување на одлуките, решенијата и плановите на Собранието;
  • одговорен е за финансиското-материјалното работење на Здружението и поднесува извештај пред Управниот одбор и Собранието.

Во случај на спреченост или отсуство на председателот, него го заменува Управниот секретар на здружението или друго лице писмено овластено од Претседателот.

СТРУЧНА СЛУЖБА НА ЗДРУЖЕНИЕТО

член 30

За извршување на административно-стручни, помошни и на нив слични работи од заеднички интерес за остварување на задачите и целите на Здружението, се формира Стручна служба.

член 31

Правата и обврските и одговорностите за работа на вработените во Стручната служба ги утврдува секретарот на Здружението во согласност со законските норми и Статутот.

член 32

Средствата за работа на стручната служба се определуваат со Финансиски план секоја година и тоа: средства за плати, средства за заедничка потрошувачка, средства за материјални трошоци, средства за посебна намена за нормално извршување на функцијата.                             

член 33

Со Стручната служба на Здружението раководи секретар.    

Секретарот го именува и разрешува Управниот одбор согласно условите кои се утврдени со посебна одлука.

Секретарот на стручната служба во исто време е и секретар на Здружението.

Секретарот правото од работен однос го остварува во Здружението, во Стручната служба, а за извршувањето на својата работа одговорен е пред Управниот одбор.

член 34

Права, обврски и надлежности на секретарот:

  • секретарот на стручната служба раководи со работата на стручната служба;
  • секретарот е работоводен орган и ги извршува сите права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи;
  • секретарот е наредбодател и одговорен за сметката на Здружението;
  • секретарот е одговорен за извршувањето на Финансискиот план и Програмата на
  • се грижи за благовремено извршување на одлуките и заклучоците донесени од Собранието и Управниот одбор;
  • во правниот промет презема мерки и дејствија во име и за сметка на Здружението;
  • се грижи за правилната примена на Законските прописи од областа на дејностите што ги врши Здружението;

член 35

Здружението ќе престане со работа ако:

-  затоа одлучат членовите на Здружението,со 2/3 мнозинство на гласови

-  ако бројот на членовите се намали под бројот определен за основање,

-  ако настапат причини утврдени во член 63 од Законот.

член 36

По престанокот на работата на Здружението, имотот и другите права и приходи што остануваат по намирувањето на обврските, преминуваат во сопственост на  основачите.

ДОНАТОРИ







 

НИЕ НА ФЕЈСБУК

JSN Air 2 is designed by JoomlaShine.com | powered by JSN Sun Framework