Сакајќи да се потсетам на тоа како го започнав моето ЕВС искуство некако се ме враќа едно 3 години наназад кога го почнавме нашиот личен проект „Природна Перспектива“ заедно со мојата вереница Симона Николова. Тогаш уште студенти во Скопје заедно со група од неколку пријатели решивме по смело да се впуштиме во идеите за алтернативен начин на живеење, поразличен од оној во градските средини кој е се повеќе и повеќе во тренд. Сите заедно посетивме неколку села во различни региони на Македонија, посетивме куќи на нашите баби и дедовци или на некој од нашите роднини. Со тогашната група пријатели ја посетивме и куќата од мојот дедо која се наоѓа во село Стар Истевник Делчевско. Овие неколку посети ни дадоа мотивација летото 2017 заедно со Симона да го посветиме на животот на село поблиску до природата. Таму се сретнавме со многу предизвици но на крај се си дојде на свое место кога бевме поканети да учествуваме на една младинска размена по програмата на Ерасмус+ која се спроведуваше во Словенија и Австрија. После таа авантура се вративме пак на село и тој пат после сите импресии бевме малку и демотивирани соочувајќи се со условите кои ги затековме после само 2 недели напуштање на куќата на село. Потоа се случи и новиот пресврт а тоа беше поканата од страна на здружение Зелен од Република Бугарија за учество како инициатива во нивниот проект а кој се спроведува со помош на доброволци по програмата на ЕВС од Ерсмус+ а е фокусиран да помага на млади луѓе кои сакаат да го промовираат одржливиот начин на живот во контакт близу до природата во малите населени места. Ја прифативме поканата и здружение Зелен дојде на помош со 15 млади луѓе, волонтери од цела Европа кои беа спремни да помогнат со се што ќе биде потребно, а ние организиравме 2во дневен настан во нашата куќа во село Стар Истевник каде што направивме работилница за градба со природни материјали и пробавме да ја заштитиме фасадата на куќата која имаше траги од оштетувања од врнежите од дожд, ни помогнаа да рециклираме некој од старите мебели како и да расчистиме некои простори. По што следуваше и награда од здружението а тое беше можност со Симона да има се придружиме како гости на целото патешествие таа година.

Па така се започна наредната година јас со помош на организацијата YMCA од Битола аплицирав за краткорочен проект, да бидам волонтер во здружение Зелен и да учествувам активно во сите активности и посета на сите иницијативи од мрежата. Самата замисла на проектот Зелен Собор на здружение Зелен според мене е многу добра поради тоа што се прави добра комбинација кога млади и мотивирани луѓе од цела Европа се насочуваат да имаат директен допир со млади луѓе од Бугарија со поддршка на искусниот тим на здружение Зелен и заедно да соработуваат, да учат и разменуваат најразлични вештини.

     Тие 2 месеца за мене претставуваа огромно искуство и мотивација повеќе, ние посетивме 23 иницијативи во 2018 година и пруживме помош на сите тие млади и креативни луѓе кои со нас ги споделија своите визии, гледишта на светот и најразличните предизвици со кои се среќаваат секојдневно. Како здружение учествувавме и на фестивалот Беглика на неговото јубилејно 10 издание за таа година и ние како доброволци помогнавме сето тоа да се реализира. Самиот фестивал се залага за промоција на алтернативниот начин на живеење, алтернативна медицина, најразлични техники за благосостојба на умот, телото и духот, музика од најразличен вид итн. Тамо лично поради фактот што сум од Делчево град на границата со Бугарија и го разбирам добро бугарскиот јазик, учествувам повеќе во промоција на активностите на здружението и што се се случува на проектот Зелен Собор. По завршувањето на тие 2 месеци и прекрасното искуство и гостопримство од страна на сите тие луѓе и сите тие инспиративни муабети и размена на искуства некако ми остана желбата да го продолжам тоа патешествие.

     Наредната 2019 година овој пат заедно со Симона, мојата вереница решивме да бидеме доброволци во здружение Зелен и тоа долгорочни волонтери јас за 10 месеци таа 1година. За разлика од претходните години кога проектот Зелен Собир се одржуваше само 2 месеци во летниот период оваа година имавме 2 групи на краткорочни доброволци и летото во период од 4 месеци посетивме 30 иницијативи и учествувавме на неколку фестивали. На почетокот од нашето ново патешествие имавме прилика со останатите доброволците и други пријатели од Македонија да поработиме и на нашиот личен проект во куќата во село Стар Истевник. Во тие неколку денови како домаќини со Симона организиравме низа на различни активности и работилници како: реставрирање и поправање на стар мебел, малтерисување и санирање на ѕидовите со глина, вар и песок, варосување, уредување и почестување на просторот и други. Оваа година исто така за прв пат посетивме уште една инициатива на млади луѓе од Македонија во село Тодоровци, Македонска Каменица каде што помогнавме во расчистување на отпад од брегот на езерото Kалиманци и активности околу пчеларство и градинарство, и сето тоа беше проследено со деноноќна забава и музика од најразлични краеви на Европа.

     Во продолжение од проектот се до фестивалот Разбуди Се, посетивме неколку иницијативи во западна Бугарија. Тамо имавме најразлични активности во зависност од инициатива до инициатива некаде помагавме во реставрирање стари куќи, некаде садевме шумски градини, на друго место помагавме во градинарство, имавме и работилници за пермакултурни дизајни како и теренски активности и испитувања, неколку пати учествувавме во подигнување и спуштање на куполни конструкции јас неколку пати земав учество и во кујната да готвам за целата група.

На фестивалот „Разбуди се“ кој се одржува по 9ти пат во близина на градот Пловдив на Родобските планини во период на 6 денови исполнети со најразлични работилници и настани како: практики за благосостојба на умот, срцето и телото, создавање на купол од гранки и материјали кои може да ги најдеме во природата, работилници за најразлични рачни изработки како: керамика, макраме, изработка на прибор за јадење и други, форуми за живот во заедници и други алтернативни начини на здружувања и многу други. Со здружението се приклучивме 2 неделе пред отпочнување на фестивалот за да го под помогнеме во неговото создавање. Јас на фестивалот „Разбуди Се“ поради фактот што веќе лично се познавав со дел од организаторите и го разбирав и бугарскиот јазик а нашиот координатор имаше други разни обврски, на почетокот бев задолжен да ги координирам доброволците од здружението што значи преземање на задачите од организаторите и распределба помеѓу волонтерите и под помагаме во нивната реализација.

     По започнување на фестивалот поактивно учествувам во промоција на здружението во Зелениот Купол и на неколку пати учествував во кујната од фестивалот каде што готвев ме за повеќе од 100 луѓе. После фестивалот Разбуди Се продолживме со активностите од Зелен Собир и посетивме уште неколку иницијативи, во меѓувреме имавме и тренинг организиран од Националната Агенција за Ерасмус+ на Република Бугарија каде што повторно се собравме со група на волонтери од различни организации од цела Бугарија и во рок од 1 недела имавме можност заедно да ги споделуваме нашите искуства на различни проекти во Бугарија како и да зборуваме за заедничките предизвици како волонтери во оваа држава. И така лека полека дојде време да се збогуваме со нашата прва група на краткорочни волонтери и да се подготвиме за новата група која пристигнуваше за само 5 денови. Со нив заедно патешествието овој пат го почнавме обратно, прво отидовме во планината да создадеме фестивал а потоа да продолжиме да ја истражуваме Бугарија и најразличните креативни места и природни убавини низ неа. Беглика 2019 лично ја искусив од почеток до крај, овој пат кога отидовме горе на Родобските планини немаше ништо кое асоцира на фестивал само неколку семејства кои решиле летниот годишен одмор да го поминат на планина на мир и спокој. Со помош и водство на локалците и организатори на фестивалот создадовме една симулација на мини село каде што од секакви работи кои ги наоѓавме во природата творевме и креиравме, декориравме, поставувавме сцени, поставувавме и поправавме некои стари тоалети, организиравме простор за работилници, косевме, чистевме, готвивме и многу други работи.

Потоа кога започна самиот фестивал земав смени на самиот влез да продаваме билети и да ги пречекуваме гостите на фестивалот. До крајот на летото со втората група на волонтери продолживме да работиме на проектот Зелен Собир и продолживме да ја истражуваме Бугарија и да се запознаваме со најразличните брилијантни иницијативи. Во овој период стасавме и на нај источната точка од нашето патешествие кај селото Езерец општина Балчик близу до Варна па имавме можност да уживаме и некое време на Црното Море. По завршувањето на втората група на краткорочни доброволци останавме подолго време во нашиот центар во Зелената куќа во Момин Проход, каде што се фокусиравме повеќе на имплементација на идеите кои што ги собравме по патешествијата од целото лето и се обидуваме нашата Зелена куќа да ја направиме што е можно повеќе енергетско ефикасно и по самоодржливо место како и да ја припремаме за зимскиот период.

Исто така во земниот период организиравме и настани кои се спроведоа во едно Читалиште во центарот на Софија каде што правевме промоција на проектот Зелен Собир и каде што луѓе од различни иницијативи имаа можност да се претставуваат пред поширока публика во главниот град на Бугарија. Ние како волонтери и една од иницијативите во Зелен Собор имавме можност да го претставиме нашиот личен проект „Природна Перспективна“ и да ги споделиме нашите идеи и гледишта на светот со пошироката публика. Учествувавме и на фестивалот Добро фест каде вршевме промоција на активностите на здружение Зелен со останатите доброволци.

     ЕВС за мене е една од најголемите промени во животот и период кој ќе остане во сеќавање до крајот на мојот живот. Целото искуство кое го стекнав тука по враќање во мојата домашна средина би сакал да го споделам со луѓето околу мене и да можам да ги представам сите тие можности кои го нуди оваа програма за младите луѓе ширум европа. Ваквите проекти даваат надеж на многу луѓе сонувачи за подобро утро да ги постават своите идеи на парче хартија и да добијат подршка од некои донатори и програми. Бугарија за мене ќе остане во сеќавање како земја во која живеат гостопримливи луѓе со прекрасни идеи и желба и домаќини кои што сакаат да споделуваат со другите луѓе. Во иднина се надевам да продолжи целата соработка со здружение Зелен и по заврашување на проектот да продолжиме со посетување на сите тие иницијативи и да продолжиме локално да се под помагаме едни со други и целата мрежа да опстои.

 

Борче Димитровски