Природна Перспектива е иницијатива на неколкумина млади наши членови, кои се борат за поздрав и поодржлив начин на живот, со наши традиционални методи и древните знаења во комбинација со модерната технологија. 
Се работи за иницијатива чија визија е создавање на еден еко-центар, заедница каде луѓето ќе ги сплотува грижата и љубовта кон природата, проткаена со шарени активности. Од одгледување на домашен зеленчук и овошје, градење со природни материјали, одржливост на ресурси, одржување на најразни работилници за деца и возрасни, тренинзи за јога и други техники за благосостојба на телото и умот, волонтерство, па се до туристички понуди во природа. Долго време скитавме низ животот барајќи ја нашата цел, света мисија, одговор на едно едноставно прашање: Зошто сме овде?


Велат: „Сите одговори можат да се најдат помеѓу најстарите дрвја“. Кога сме во природа, опкружени со зеленило, некако се има смисла.
Кога го забележавме потенцијалот на ова село, одлучивме дека нашата потрага е завршена. Го најдовме она што го баравме... место на кое ќе имаме мир, храна, уживање; место на кое ќе го засадиме семето на една величенствена заедница, на едно големо семејство
С. Стар Истевник е едно од најстарите села во источна Македонија. Опкружено со шума, помеѓу градовите Делчево и Берово. Денес, е речиси напуштено, има само 15 жители.
На наша среќа, има многу куќички кои можат да се купат по пристапна цена и со некои реконструкции да бидат претворени во убави, удобни домови. Сите куќи имаат двор, но по потреба може да се докупи земјиште.
Куќата која ние ја одбравме за овој проект, веќе еднаш е реконструирана. Но, бидејќи била напуштена последните неколку години почнала да се распаѓа.
Секој почеток е тежок, но по напорната работа следува слатка награда.

За овој проект, сакаме да ги поканиме сите оние кои:
Сакаат да останат со нас како постојани членови на заедницата, да работат на своето себеизразување, благосостојба, надградување и да уживаат слобода.( откако реконструкциите ќе бидат завршени);
Кои сакаат да присуствуваат како волонтери вклучувајќи се во сите активности, со обезбедено сместување и храна;
Оние кои сакаат да купат куќа и да се вселат со своето семејство;
Оние кои сакаат да ги споделат својата умешност и идеи со нас, за подобрување на местото;
Оние кои сакаат да разговараат за идеи за подобра иднина. Идеи за тоа како да го продолжиме животот на нашата единствена планета Земја, идеи за пермакултура, самоодржливост, обновливи извори на енергија, култивирање на дождовница и сл.
Оние кои сеуште не чувствуваат дека можат да го напуштат животот во градовите, но сакаат да дадат свој придонес дали преку донирање пари, материјали или на некој друг начин, а за возврат ќе имате можност неколку дена да бидете наши гости и да уживате во благодетите што ги нуди животот овде.
Ако е така, контактирајте на следниот маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. за повеќе информации.

ДОНАТОРИ







 

НИЕ НА ФЕЈСБУК

JSN Air 2 is designed by JoomlaShine.com | powered by JSN Sun Framework