Природна перспектива

Во периодот од 02-11.11.2018 во градот Клуж, Романија се одржа проект младинска размена од програмата Еразмус+ каде земаа активно учество членови на Надеж-Норе. Цел на проектот беше, преку неформалното образование да се запознаат учесниците со концептот за циркуларна економија, реупотреба на материјали и некои мерки кои доколку би се спровеле во секоја држава, значително ќе се намали количеството на пластичен отпад во океаните и депониите. На крај, како практичен дел од работилниците беше реконструирање на детски парк со рециклирани материјали.  

Во селото Стар Истевник на гости кај младите од Природна перспектива, репортерката Изабел А. Буржу се сретна со Европските волонтери од Зелениот собир (Green summit). Воодушевена од идејата и атмосверата која што се создаде за време на дводневното гостување на волонтерите, Изабел реши да направи кратко видео за да ја сподели со светот иницијативата на Природна перспектива и проектот “Зелен собир“ на здружението Зелен од Р. Бугарија. 

Младите од Природна Перспектива како лани така и годинава, во партнерство со Асоциација Зелен од Р. Бугарија и волонтерите од Еразмус+ реализираа дводневни креативни работилници за конзервирање на локалната слива, градење со природни материјали и многу дружба и забава со локалното население.

Во периодот од 8 - 16 јули 2018 членови на Природна Перспектива зедоа активно учество на проектот „Самоодржливо Живеење“ кој што се одржа во Згорнја Корена, Марибор, Словенија.

На оваа размена нашите членови се запознаа со техники на градење со природни материјали како (земја, песок, слама итн) а исто така учествуваа на работилници за креирање на пермакултурни дизајни за градина.

На овој проект учество зедоа 30 млади лица на возраст од 18 до 30 години, при што покрај членовите на Природна Перспектива од Република Македонија учествуваа и здруженија од Словенија, Шпанија, Австрија, Бугарија и Велика Британија.

Во периодот од 2 - 15 јуни 2018 членови на Природна Перспектива зедоа активно учество на проектот „Greenovation“ (предизвик за еко-градба) кој што се одржа во Аргос, Република Грција.

Овој проект беше симулација на живот во еко-заедница, каде сите членови се соочуваат со предизвиците на донесување одлуки и решавање проблеми во рамките на една заедница. Исто така, учесниците учеа како се прават ѕигли од земја печени на сонце, се запознаа со основните принципи на пермакултурата и секој учесник имаше можност да спреми своја работилница на најразлични теми од областа на самоодржливото живеење како: нула отпад, циркуларна економија, за трите столбови на корпоративна одржливост, подготовка на домашен леб, како и астрономија и други најразлични теми.

На овој проект учество зедоа 30 млади лица на возраст од 18 до 30 години, при што покрај членовите на Природна Перспектива, имаше претставници од Грција, Бугарија, Романија, Словачка и Шпанија.

Во периодот од 22 - 26 јули 2018 членови на Природна Перспектива зедоа активно учество на средба за интернационални партнерства која се одржа во Латиновац, Хрватска.

На оваа размена се разговараше за подобрување на квалитетот на стратешките партнерства, за подготвување на кандидатите за волонтерски размени, изготвување на договори, поддршка, координација. Изготвување на модел од подготовка, имплементација до дисиминација.

На овој проект учество зедоа 25 лица, при што покрај членовите на Природна Перспектива, учествуваа и здруженија од Хрватска, Португалија, Бугарија, Италија, Франција, Естонија и Полска.

Природна Перспектива е иницијатива на неколкумина млади наши членови, кои се борат за поздрав и поодржлив начин на живот, со наши традиционални методи и древните знаења во комбинација со модерната технологија. 
Се работи за иницијатива чија визија е создавање на еден еко-центар, заедница каде луѓето ќе ги сплотува грижата и љубовта кон природата, проткаена со шарени активности. Од одгледување на домашен зеленчук и овошје, градење со природни материјали, одржливост на ресурси, одржување на најразни работилници за деца и возрасни, тренинзи за јога и други техники за благосостојба на телото и умот, волонтерство, па се до туристички понуди во природа. Долго време скитавме низ животот барајќи ја нашата цел, света мисија, одговор на едно едноставно прашање: Зошто сме овде?

ДОНАТОРИ







 

НИЕ НА ФЕЈСБУК

JSN Air 2 is designed by JoomlaShine.com | powered by JSN Sun Framework