Димитровски Димитар претставник од Здружението  „НАДЕЖ-НОПЕ“, во периодот од 6 до 15 март учествуваше на Еразмус+  проект на тема „ЖЕНИ И СПОРТ“ со цел за размена на искуства и неформално учење, во Кордоба, Шпанија, каде што партнер на проектот и домаќин  беше второлигашкиот фудбалски клуб “CORDOBA  CF“. На проектот учествуваа 32 учесници од 5 држави (Македонија, Шпанија, Италија, Романија и Грција). Презентациите и предавањата беа динамични, и поголем дел од задачите беа поделени по тимови па така имавме можност подобро да се запознаеме со останатите учесници. Исто така во рамки на проектот имавме можност да гледаме фудбалски натпревар на клубот домаќин  Кордоба, којшто на наше задоволство победи со 1:0. 

На пресконференцијата која што се одржа во рамки на проектот, на која што учесниците имаа можност да поставуваат прашања на сопственикот и спортскиот директор на фудбалскиот клуб „Кордоба“ имав можност да споделам информации за женскиот фудбалски клуб „САСА“ од М.Каменица, и по завршувањето напресконференцијата разменивме контакти со претставник од клубот за можна идна соработка во ова поле.

И за крај....

„Секое патување - ново доживување!“  - Димитар.

Exchange project: “WOMAN AND SPORTS” 
ERASMUS+ KA1
06 – 15 March 2018 
Supported and implemented by five organizations involved in sport activities from Spain: Fundacion Cordoba CF, Macedonia: A.B.A.T.- BALKANIA - Skopje , 
Italy: CIVITAS MILETO, Romania: A.TINERET ONIX
Greece: ACC NAVARCHOS VOTSIS 
The project involved 32 people in Cordoba, Spain. 
The methodology is based on non formal education methods and combines intercultural learning with experiential learning.

ДОНАТОРИ







 

НИЕ НА ФЕЈСБУК

JSN Air 2 is designed by JoomlaShine.com | powered by JSN Sun Framework