International seminar “Youth Councils – local and international realities”

9-13 April 2018, Konstancin-Jeziorna, Poland

 

Претставник од Здружението „Надеж-НОРЕ“ учествуваше на тренинг семинар во Варшава, Полска, во периодот од 9-13 Април. Специфични цели и задачи на проектот беа:
- Запознавање со работата на младинските совети во различни држави
- Запознавање со различни методи на младинско учество во процесот на донесувањето на одлуки, во рамки на младинските совети на различни нивоа
- Вмрежување помеѓу претставниците на младинските совети, и можна идна соработка на полето на млади.

 

Важен дел од семинарот беше фактот што тој собра различни организации кои работат на младински политики, но со многу различни пристапи и ова даде многу можности учесниците да учат еден од друг и да планираат за идна соработка. Како конкретен резултат беше создадената мрежа која е неформална, но многу амбициозна за продолжување на соработката преку меѓународен проект за понатамошно презентирање на различните добри практики во нашите локални заедници.

 

Презентацијата на Здружението „Надеж-НОРЕ“ и вмрежувањето помеѓу различните организации отвара простор идна соработка и идно вмрежување на меѓународно ниво. Понатаму, тоа беше одличен момент за видливост и застапеност на нашата организација. Добивањето на нови практики и примери од областа на младинската работа и учество и обидувајќи се да ги имплементира на локално ниво, е една од главните цели на здружението и овој семинар многу придонесе за постигнување на оваа цел преку обезбедување простор за мрежно поврзување и исто така обезбедува простор за работа на заеднички меѓународни проекти.

ДОНАТОРИ







 

НИЕ НА ФЕЈСБУК

JSN Air 2 is designed by JoomlaShine.com | powered by JSN Sun Framework