Младинска перспектива

Димитровски Димитар претставник од Здружението  „НАДЕЖ-НОПЕ“, во периодот од 6 до 15 март учествуваше на Еразмус+  проект на тема „ЖЕНИ И СПОРТ“ со цел за размена на искуства и неформално учење, во Кордоба, Шпанија, каде што партнер на проектот и домаќин  беше второлигашкиот фудбалски клуб “CORDOBA  CF“. На проектот учествуваа 32 учесници од 5 држави (Македонија, Шпанија, Италија, Романија и Грција). Презентациите и предавањата беа динамични, и поголем дел од задачите беа поделени по тимови па така имавме можност подобро да се запознаеме со останатите учесници. Исто така во рамки на проектот имавме можност да гледаме фудбалски натпревар на клубот домаќин  Кордоба, којшто на наше задоволство победи со 1:0. 

На пресконференцијата која што се одржа во рамки на проектот, на која што учесниците имаа можност да поставуваат прашања на сопственикот и спортскиот директор на фудбалскиот клуб „Кордоба“ имав можност да споделам информации за женскиот фудбалски клуб „САСА“ од М.Каменица, и по завршувањето напресконференцијата разменивме контакти со претставник од клубот за можна идна соработка во ова поле.

И за крај....

„Секое патување - ново доживување!“  - Димитар.

Exchange project: “WOMAN AND SPORTS” 
ERASMUS+ KA1
06 – 15 March 2018 
Supported and implemented by five organizations involved in sport activities from Spain: Fundacion Cordoba CF, Macedonia: A.B.A.T.- BALKANIA - Skopje , 
Italy: CIVITAS MILETO, Romania: A.TINERET ONIX
Greece: ACC NAVARCHOS VOTSIS 
The project involved 32 people in Cordoba, Spain. 
The methodology is based on non formal education methods and combines intercultural learning with experiential learning.

International seminar “Youth Councils – local and international realities”

9-13 April 2018, Konstancin-Jeziorna, Poland

 

Претставник од Здружението „Надеж-НОРЕ“ учествуваше на тренинг семинар во Варшава, Полска, во периодот од 9-13 Април. Специфични цели и задачи на проектот беа:
- Запознавање со работата на младинските совети во различни држави
- Запознавање со различни методи на младинско учество во процесот на донесувањето на одлуки, во рамки на младинските совети на различни нивоа
- Вмрежување помеѓу претставниците на младинските совети, и можна идна соработка на полето на млади.

 

Важен дел од семинарот беше фактот што тој собра различни организации кои работат на младински политики, но со многу различни пристапи и ова даде многу можности учесниците да учат еден од друг и да планираат за идна соработка. Како конкретен резултат беше создадената мрежа која е неформална, но многу амбициозна за продолжување на соработката преку меѓународен проект за понатамошно презентирање на различните добри практики во нашите локални заедници.

 

Презентацијата на Здружението „Надеж-НОРЕ“ и вмрежувањето помеѓу различните организации отвара простор идна соработка и идно вмрежување на меѓународно ниво. Понатаму, тоа беше одличен момент за видливост и застапеност на нашата организација. Добивањето на нови практики и примери од областа на младинската работа и учество и обидувајќи се да ги имплементира на локално ниво, е една од главните цели на здружението и овој семинар многу придонесе за постигнување на оваа цел преку обезбедување простор за мрежно поврзување и исто така обезбедува простор за работа на заеднички меѓународни проекти.

На ден 08.11.2018 година , со почеток во 12.00 часот , во просториите на ЗГ“ ИНИ“ Виница одржана е почетна прес- конференција за проектот:
- Силни месни заедници, за силна локална демократија
Проектот е имплементиран во рамки на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени “ спроведен од Фондација за развој на локалната заедница, Институт за развој на заедницата и Центар за одржлив развој Алка ,финансиски подржан од Европската Унија, а се реализира од ЗГ Надеж –НОРЕ од Македонска Каменица во партнерство со ЗГ ИНИ Виница. Проектот ќе се реализира на подрачјето на ЕЛС М.Каменица и ЕЛС Виница.

ДОНАТОРИ







 

НИЕ НА ФЕЈСБУК

JSN Air 2 is designed by JoomlaShine.com | powered by JSN Sun Framework