Хуманa перспектива

Откако на социјалните мрежи се појавија фотографии преку кои дознавме за тешките услови за живот на 60 годишниот Стоимен Стоилов од село Цера, започна акција за негова помош.

Телефонскиот број  071-737-465 во наредните денови ќе биде достапен за хуманите граѓани кои ќе може да се информираат на кој начин можат да му помогнат на Стоимен Стоилов, кој во село Цера е познат како дедо Станоја.

Она што најмногу му е потребно на овој човек е шпорет на дрва, огрев, храна и ќебиња.

Да се надеваме дека хуманоста ќе допре до сите нас и многу бргу дедо Стоимен или Станоја како што го знаат во Цера ќе ја добие потребната помош!

Контакт телефон за помош: 071-737-465

 

превземено од https://delcevo365.mk 

Ајде да се сплотиме и заедно да спасиме млад живот. 28-годишната Славица Тодоровска – Цаци боледува од агресивен рак на мозокот и за да го продолжи своето лекување во САД, потребна ѝ е наша помош.

-Телефони за донации:

TELEKOM: 143 107

VIP: 143 483

(со секој повик донирате 100 ден.)

Жиро сметка: 200003381608851

Банка: Стопанска банка АД Скопје

За донација од странство:
IBAN: MK07200003381613507 USD
MK07200003381611470 EUR
SWIFT Code, BIC Code: STOBMK2X

Нејзините пријатели се обединија и заедно се борат да соберат средства за да му помогнат на семејството на Цаци да ги покрие трошоците за нејзиното лекување во странство.

Тие направија група на социјалните мрежи и отворија профил на GoFundMe со цел собирање средства.

Судбината си поигрува со уште еден млад живот. На петнаесетгодишната Сара Настеска од Охрид дијагностициран и е малиген тумор „Anemija Plastica“ кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува  правилна регенерација на крвта во организмот.

Во најкраток рок на Сара треба да и се изврши трансплантација на коскена срж, што според нејзиното семејство е единствена можност за целосно излекување и враќање во нормален живот на девојчето. Единствен сроден донор  е нејзиниот две години помал брат. Зафатот и лекувањето чинат 200.000 евра во специјализирана детска болница во Германија, која нуди висока успешност со низок ризик, стои во апелот на семејството Настески за помош на малата Сара.

Доколку сте во можност да помогнете уплатата може да ја извршите на следната жиро сметка: 200001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка.

Извор: ohridnews.com

ДОНАТОРИ







 

НИЕ НА ФЕЈСБУК

JSN Air 2 is designed by JoomlaShine.com | powered by JSN Sun Framework