На ден 18.01.2019 година со почеток во 17.оо часот во просториите на ЕЛС Македонска Каменица, се одржа првата работилница со претставниците од месните заедници од селата Саса, Моштица и Луковица. Оваа работилница како таква е одржа во рамките на проектот „Силни месни заедници, за силна локална демократија“, кој што како таков здружението „Надеж - Норе“ го спроведува во содејтво со здружението „ИНИ“ од Виница. 

На работилницата присуствуваа 25 граѓани - претставници од месните заедници од с. Саса, с. Моштица и с. Луковица.

На работилницата присуствуваше и градоначалничката на општина Македонска Каменица, г-ѓа Соња Стаменкова.

Проектот „Силни месни заедници, за силна локална демократија“, е финансиски подржан од ЕУ, во рамките на проектот: „Силни граѓански организации за силна локална демократија“, кој што како таков во Република Македонија го имплементираат:  Фондација за развој на локалната заедница - Штип, Институт за развој на заедницата - Тетово и Центар за одржлив развој Алка - Скопје.

ДОНАТОРИ







 

НИЕ НА ФЕЈСБУК

JSN Air 2 is designed by JoomlaShine.com | powered by JSN Sun Framework