Актуелно

 

 

На ден 26.11.2019 година во Македонска Каменица, се одржа завршната прес конференција во рамките на проектот „И старите знаат и старите можат“.

На истата присуствуваа 25 лица, претставници од здруженијата на пензионери од Македонска Каменица и Виница, како и претставници на локалните самоуправи од ЕЛС М.Каменица и ЕЛС Виница.

На прес конференцијата присуствуваа повеќе новинари од локални, регионални и нацонални медиуми. На завршната прес конференција од проектниот тим, на јавниста и беа презентирани сите ативности поврзани со проектот како и постигнатите резултати од неговата реализација.

Инаку, Проектот „И старите знаат, и старите можат“ ќе се спроведува како грант во рамки на проектот "Медиуми за граѓаните – граѓаните за медиумите" чија што цел е Градење капацитети на граѓанските организации за зајакнување на медиумската писменост во земјите од Западен Балкан, кој што прект е финансиран од Европската унија, а во земјите од Западен Балкан, се спроведува од страна на:  Македонскиот институт за медиуми, Фондацијата за развој на медиуми и граѓанско општество Медиацентар Сараево, Албанскиот институт за медиуми, Црногорскиот институт за медиуми, Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа (СЕЕНПМ) и Новосадската школа за новинарство.

Финансиските средства обезбедени за реализација на овој грант беа во висина од 3980 евра

 

На ден 15.11.2019 година со почеток од 17.00 часот, во Виница, во рамките на проектот „И старите знаат и старите можат“ се одржа третата работилница со стари лица - членови на здружението на пензионери од Виница.

На истата од страна на експертот - Горан Ристевски, на присутните лица - пензионери од здружението на пензионери од Виница им беа презентирани техники за администрирање со креираната веб страна за нивното здружение.

 

 

На ден 14.11.2019 година со почеток од 17.00 часот, во Македонска Каменица, во рамките на проектот „И старите знаат и старите можат“ се одржа третата работилница со стари лица - членови на здружението на пензионери од Македонска Каменица.

На истата од страна на експертот - Горан Ристевски, на присутните лица - пензионери од здружението на пензионери од Македонска Каменица им беа презентирани техники за администрирање со креираната веб страна за нивното здружение.

.

 

 

На ден 27.10.2019 година со почеток од 17.00 часот, во Виница, во рамките на проектот „И старите знаат и старите можат“ се одржа втората работилница со стари лица - членови на здружението на пензионери од Виница.

На истата од страна на експертот - Валери Спасевски, на присутните лица - пензионери од здружението на пензионери од Виница им беа презентирани техники за креирање на новинасрки текстови и статии.

На ден 24.10.2019 година со почеток од 17.00 часот, во Македонска Каменица, во рамките на проектот „И старите знаат и старите можат“ се одржа втората работилница со стари лица - членови на здружението на пензионери од Македонска Каменица.

На истата од страна на експертот - Валери Спасевски, на присутните лица - пензионери од здружението на пензионери од Македонска Каменица им беа презентирани техники за креирање на новинасрки текстови и статии.

 

На ден 04.09.2019 година со почеток од 17.00 часот, во Македонска Каменица, во рамките на проектот „И старите знаат и старите можат“ се одржа првата работилница со стари лица - членови на здружението на пензионери од Македонска Каменица.

На истата од страна на експертот - Зоран Биковски, на присутните лица - пензионери од здружението на пензионери од Македонска Каменица им беа презентирани техники за препознавање на лажни вести и форми на медиумска манипулација.

 

 

На ден 23.08.2019 година со почеток од 17.00 часот, во Виница, во УО Галија, во рамките на проектот „И старите знаат и старите можат“ се одржа првата работилница со стари лица - членови на здружението на пензионери од Виница.

На истата од страна на експертот - Зоран Биковски, на присутните лица - пензионери од здружението на пензионери од виница им беа презентирани техники за препознавање на лажни вести и форми на медиумска манипулација.

 

На ден 16.07.2019 година во Виница, се одржа завршната почетната прес конференција во рамките на проектот „И старите знаат и старите можат“.

На истата присуствуваа 25 лица, претставници од здруженијата на пензионери од Македонска Каменица и Виница, како и претставници на локалните самоуправи од ЕЛС М.Каменица и ЕЛС Виница.

На прес конференцијата присуствуваа повеќе новинари од локални, регионални и нацонални медиуми. На почетната прес конференција од проектниот тим, на јавниста и беа презентирани сите ативности поврзани со проектот, и начинит на кои што истиот ќе се реализира.

Инаку, Проектот „И старите знаат, и старите можат“ ќе се спроведува како грант во рамки на проектот "Медиуми за граѓаните – граѓаните за медиумите" чија што цел е Градење капацитети на граѓанските организации за зајакнување на медиумската писменост во земјите од Западен Балкан, кој што прект е финансиран од Европската унија, а во земјите од Западен Балкан, се спроведува од страна на:  Македонскиот институт за медиуми, Фондацијата за развој на медиуми и граѓанско општество Медиацентар Сараево, Албанскиот институт за медиуми, Црногорскиот институт за медиуми, Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа (СЕЕНПМ) и Новосадската школа за новинарство.

Финансиските средства обезбедени за реализација на овој грант беа во висина од 3980 евра

На ден 15.03.2019 година во Македонска Каменица,  во ресторантот „Шизик“ се одржа завршната прес конференција во рамките на проектот „Силни месни заедници за силна локална демократија“.

На истата присуствуваа 25 лица, претставници од месните заедници селата кои што беа опхатени во проектот, како и претставници на локалните самоуправи од ЕЛС М.Каменица и ЕЛС Виница.

На прес конференцијата присуствуваа повеќе новинари од локални, регионални и нацонални медиуми. На завршната прес конференција од проектниот тим, на јавниста и беа презентирани сите ативности поврзани со проектот, како и постигнатите резултати и ефектио од истиот.

Исто така на завршната прес конференција извршено е и промоција на „Прирачник“ за функционирање на месните заедници, во кој што прирачник се содржани презентираните теоретски материјали поврзани со начинот на работа и организација на месните заедници, а кои што како такви беа презентирани за време на работилниците во рамките на проектот.

 

 

На ден 01.03.2019 година во Македонска Каменица, се одржа третата работилница за јакнење на капацитетите на месните заедници од селата Саса, Моштица и Луковица. На истата присуствуваа 25 лица, претставници од месните заедници од овие села. Исто така на оваа работилница присуствуваа и претставници од ЕЛС М.Каменица.

Оваа работилница како таква е одржа во рамките на проектот „Силни месни заедници, за силна локална демократија“, кој што како таков здружението „Надеж - Норе“ го спроведува во содејтво со здружението „ИНИ“ од Виница.

Проектот „Силни месни заедници, за силна локална демократија“, е финансиски подржан од ЕУ, во рамките на проектот: „Силни граѓански организации за силна локална демократија“, кој што како таков во Република Македонија го имплементираат:  Фондација за развој на локалната заедница - Штип, Институт за развој на заедницата - Тетово и Центар за одржлив развој Алка - Скопје.

ДОНАТОРИ







 

НИЕ НА ФЕЈСБУК

JSN Air 2 is designed by JoomlaShine.com | powered by JSN Sun Framework