„Зелениот Собир“ во Природна Перспектива 2019

И годинава Природна Перспектива, за една седмица, беше домаќин на група од триесетина ЕВС доброволци во проектот „Зелен Собир“ на здружението „Зелен“ од Р. Бугарија, поддржан од програмата Еразмус+.

Заедно со доброволците се одржаа разни работилници како: собирање на билки и печурки, правење на сируп од бозел, подготвување на интернационална храна, обновување на стар мебел, работа со дрво, уметност на ѕид и внатрешно уредување на една соба во просториите на Природна Перспектива. Се разбира, со многу забава и музика. 

Настанот побуди голема љубопитност кај локалното население, при што имаше и медиумска покриеност од страна на локалните медиуми.

Повеќе околу настанот можете да дознаете преку линкот кој води до официјалната фб. страница на Природна Перспектива и ако го погледнете интервјуто од локалниот медиум Делчево 365.

„Зелениот Собир“ во Природна Перспектива 2019

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to top