Иницијатива на швајцарска репортерка “Joy for the planet” се среќава со Европски волонтери во Македонија

Во селото Стар Истевник на гости кај младите од Природна перспектива, репортерката Изабел А. Буржу се сретна со Европските волонтери од Зелениот собир (Green summit). Воодушевена од идејата и атмосверата која што се создаде за време на дводневното гостување на волонтерите, Изабел реши да направи кратко видео за да ја сподели со светот иницијативата на Природна перспектива и проектот “Зелен собир“ на здружението Зелен од Р. Бугарија. 

Иницијаторите на Природна перспектива Борче Димитровски и Симона Николова беа четириесет и првите номинирани за наградата “Соларна ламба“ која ја изработуваат деца со хендикеп, врачена од Изабел. 

Видеото кое беше направено беше објавено и на самата фејсбук страна на European Youth. Погледнете за што станува збор на следното видео тука.

Иницијатива на швајцарска репортерка “Joy for the planet” се среќава со Европски волонтери во Македонија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to top