Акција за ПОМОШ на дедо Стоимен од с.Цера.

Откако на социјалните мрежи се појавија фотографии преку кои дознавме за тешките услови за живот на 60 годишниот Стоимен Стоилов од село Цера, започна акција за негова помош.

Телефонскиот број  071-737-465 во наредните денови ќе биде достапен за хуманите граѓани кои ќе може да се информираат на кој начин можат да му помогнат на Стоимен Стоилов, кој во село Цера е познат како дедо Станоја.

Она што најмногу му е потребно на овој човек е шпорет на дрва, огрев, храна и ќебиња.

Да се надеваме дека хуманоста ќе допре до сите нас и многу бргу дедо Стоимен или Станоја како што го знаат во Цера ќе ја добие потребната помош!

Контакт телефон за помош: 071-737-465

Акција за ПОМОШ на дедо Стоимен од с.Цера.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to top